ЧПП

Често поставувани прашања

Што е неврокозметика?

Инициран во 2000-тите, новиот концепт на неврокозметиката се однесува на биоактивните актуелни состојки кои ги обновуваат медијатор-рецептор интеракциите помеѓу нервните системи и кожата преку специјални медијатори. Тоа доведе до нови неврокозметички стратегии кои вклучуваат модулација на невротрансмитерите кои играат важна улога во рамнотежата на кожата и механизмите на стареење, со дејствување на овие пренесувачи, или со нивно активирање или инхибирање.

Од новиот пристап за решавање на проблемите на кожата и стареењето, се роди нова козметичка област - Неврокозметиката.

ТAIVA НЕВРОКОЗМЕТИКА

Инспирирани од последните достигнувања во областа на неврокозметиката, TAIVA козметиката ги содржи едни од најиновативните неврокозметички состојки со неврофизиолошко дејство, спрецијално дизајнирани да дејствуваат во кожниот нервен систем поттикнувајќи го природниот механизам и повторно воспоставување на здрава комуникација помеѓу нервите и фибробластите, реактивирање на дермалните клетки кои претходно биле одлабени од медијаторот на стареење. 

Крајниот резултат е: видливо помазна кожа, помалку брчки, поздрав и посјаен тен, зголемена отпорност на воспаленија и целокупен ефект на „добро чувство“.

Каде се произведува козметиката?

Брендот TAIVA се произведува во Европска Унија по американска лиценца. Сите TAIVA производи се регистрирани во Европска Унија преку централна постапка, во CPNP порталот.

Kои состојки ги има во производите и дали се природни?

TAIVA производите содржат активни состојки кои се високо квалитетни, имаат светски признанија и награди за иновација и со клинички докажана ефикасност. Помошните состојки во TAIVA се од најнова генерација и околу 85% од нив се од природно потекло.

Дали производите се одобрени од здравствените организации?

Сите производи од брендот TAIVA с ево согласност со стандардите пропишани во Европската директива  EC No. 1223/2009, одобрени се од страна на Европското регулаторно тело и регистрирани во CPNP (Cosmetic Products Notification Portal).  

Дали се направени тестови на животни?

Согласно Европската директива No. 1223/2009, член 18, тестирањето на животни е забрането. Сите производи од брендот TAIVA се во согласност со Европските директиви и не се тестирани на животни.

Дали и кои креми предизвикуваат нуспојави?

Кај некои лица може да се појават несакани дејства, најчесто оние кои имаат чувствителна кожа. Несаканите дејства се манифестираат како појава на црвенила или чувство на боцкање. Во потешки случаи може да се појават отоци ако се чешате неконтролирано. Нескаканите дејства воочичаено потекнуваат од конзервансот, некоја од состојките на парфемот или некоја друга состојка на производот. Доколку забележите или пак знаете дека сте пречувствителни на некоја состојка која може да биде употребена во козметичкиот производ, внимателвно прочитајте ги состојките. Во TAIVA производите не се содржат парабени и силикони, а употребените состојки се дерматолошки тестирани и хипоалергени.

Дали и кои креми може да се користат после инвазивни дерматолошки третмани?

По инвазивни дерматолошки третмани, кога кожата е иритирана, црвена и воспалена, се препорачува употреба на креми за смирување на црвенилото и воспалението, а тоа се Neuro Cellular Soothing кремите за лице. Во дневната и ноќна крема имплементиран е иновативен неврокозметик, липопротеин, кој лесно се апсорбира и навлегува во длабоките слоеви на кожата. Дејствува на тој начин што ја имитира функцијата на природните невропептиди и ја спречува каскадната реакција на воспалението. Резулататот е смирена кожа, без црвенила отоци и чувство на чешање и затегање, ревитализирана и мазна. 

Дали производите можат да се користат во континуитет или е потребна пауза за време на користењето?

Се препорачува редовна употреба на производите од TAIVA брендот, со цел да се постигне пропишаното видливо дејство.  

Дали производите се потполно сигурни за употреба?

Сите производи од TAIVA брендот имаат проценка за безбедност и ефикасност издадена од одговорно лице назначено од страна на Европското регулаторно тело.

За колку време можат да се очекуваат резултати од употреба на кремите?

За секој тип на производ од брендот TAIVA постои пропишан временски период во кој по редовна употреба на производот/производите, може да се очекуваат видливи резултати.

Имате прашања?

Слободно поставете ни прашање преку контакт формата, ќе се обидеме да ви одговориме во најкраток можен рок.