BERRY SYMPHONY
СО ГОЏИ БОБИНКИ И БОБОЛКА
PURE SENSATION
СO АЛОЕ ВЕРА И БАМБУС
FRESH ENERGY
СО МИКРОАЛГИ И МУЛТИВИТАМИНСКИ КОМПЛЕКС
SILK TOUCH
СО СВИЛЕНИ ПРОТЕИНИ И ЕКСТРАКТ ОД СЕМЕ ОД ПАМУК
IMAGINE
МУЛТИВИТАМИНСКИ КОМПЛЕКС
SOFT & CARE
МЛЕКО ЗА ТЕЛО СО ШИ ПУТЕР
AQUA SPLASH
СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА И ШИ ПУТЕР
AQUA SPLASH
СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА И ШИ ПУТЕР
SOFT & CARE
МЛЕКО ЗА ТЕЛО СО ШИ ПУТЕР

Иновативни производи за нега на тело

Импресивна колекција на гелови/креми за туширање и млека за тело, кои ги задоволуваат потребите за секојдневна нега на сите типови на кожа, прилагодени на различни стилови на живот.

Кожата е огледало на нашето здравје и убавина. Поради тоа заслужува посебна и постојана грижа. Иако повеќе внимание се посветува на кожата на лицето и вратот, често не обрнуваме големо внимание на кожата на телото и употребуваме производи со понизок квалитет. Познавањето на навиките на современиот начин на живот, ние ве увераме дека не треба многу производи и време, за вашата кожа да блесне во беспрекорна убавина и здравје.

Taiva брендот содржи колекција на иновативни производи за нега на кожата на телото, составена од внимателно избрани, високо квалитетни состојки од последната генерација во светот на козметичката индустрија.
 

Иновативни сурфактанти

Taiva колекцијата на производи за туширање користи последната генерација на иновативни пенливи состојки кои се еколошки, биоразградливи и со природно потекло. Тие се најбалги нежни површински активни состојки (ПЕМ) на пазарот, кои создаваат богата, кремаста пена и нежно чистење на кожата. По туширање кожата е третирана и мека.

 
Без парабени

Парабените се најшироко користените конзерванси во козметичките производи кои лесно продираат во кожата и имаат способност да спречат хормонална активност. Бројни научни студии покажуваат дека кога парабените реагираат со UVB сончева светлина ја нарушуваат ДНК и предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Ние ви гарантираме дека производите на TAIVA не содржат парабени, туку само иновации, нега и убавина.

Без силикони

Силиконите и нивните деривати се синтетички соединенија кои најчесто се користат во козметичките производи. Европската унија ги класифицира како состојки кои ја попречуваат ендокрината функцијата и може да предизвикаат репродуктивна токсичност што може да ја наруши плодноста. Ние ви гарантираме дека производите на TAIVA не содржат силикони, туку само многу грижа, посветеност и внимателно избрани состојки.