Зошто Таива

ЗОШТО TAIVA

TAIVA користи најиновативни, научно докажани високо квалитетни состојки и клинички тестирани формулации.. Сите наши производи се без парабени и без силикони и се произведени во ЕУ под лиценца на САД.

ЗАТОА ШТО ГИ ПОМЕСТУВАМЕ ГРАНИЦИТЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОЗМЕТИКА

ЗАТОА ШТО ГИ РАЗБИРАМЕ ВАШИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ

ЗАТОА ШТО ГИ ЗНАЕМЕ ПОСЛЕДНИТЕ ТАЈНИ ЗА КОЖАТА

ЗАТОА ШТО СМЕ ИНСПИРИРАНИ ОД ИНОВАЦИИ

ЗАТОА ШТО ВЕЌЕ СМЕ ВЛЕЗЕНИ ВО ЕРАТА НА НЕВРОКОЗМЕТИКАТА

ЗАТОА ШТО НУДИМЕ НАПРЕДНА И ДОСТАПНА НЕГА НА КОЖА

Неврокозметика – паметна козметика за новиот век

 

TAIVA ги користи најиновативните, научно докажани високо квалитетни состојки и клинички тестирани формулации.

Нашите производи се дизајнирани да понудат напредна нега на кожата со примена на најновите достигнувања во областа на науката за кожа и биотехнологијата / дерматологијата – обезбедувајќи најдобри резултати за нашите клиенти.

Традиционалните козметички производи содржат големи молекули кои не можат да навлезат во подлабоките слоеви на кожата, а со тоа влијаат / ги заштитуваат главно најповршинските места на кожата (епителниот слој) од стрес и оштетувања предизвикани од животната средина.

TAIVA нуди широка палета на производи кои ги надминуваат границите на традиционалната козметика и се со лесна текстура, брзо апсорбирачки својства и ултра-високи перформанси во најдлабоките слоеви на кожата.

Сите наши производи се без парабени и без силикони и се произведени во ЕУ под лиценца на САД.

 

ИНОВАТИВНА НАУКА И ДОКАЖАНИ СОСТОЈКИ

Неврокозметика против стареење. Ја оживува невротрансмисијата помеѓу нервните завршетоци и фибробластите, стимулирајќи ја синтезата на колаген и еластин. Спречува и анулира стареење на кожата.

In-Cosmetics® Innovation Zone - награда за најдобра состојка во 2015 година

Благотворна неврокозметика. Високо активен биомиметички невропептид во комбинација со липиди за да се олесни апсорпцијата на пептиди преку кожата. Брзо ја смирува иритираната кожа, го намалува црвенилото и отокот, и ја штити кожата од штетните последици од УВ светлина.

Екстракт од растението Salicornia herbacea. Директно влијае на метаболизмот на уреа што брзо ја хидрира дури и најсувата кожа. Ја зголемува густината на кожата и ја намалува загубата на вода. За 60 пати го зголемува нивото на влажност на кожата.

BSB Награда за најиновативна активна состојка во 2009 година (BSB Most Innovative Raw Material 2009)

Единственa, високо напреднa технолошкa формула која делува како активен слој (dressing) кој ја имитира корнеосферата (корнеоцитите и нивната околина) обновувајќи и усовршувајќи ја површината на кожата. CORNEOSTICKER обезбедува ефект на „нова кожа". Тој ја омекнува кожата, ги прикрива несовршеностите и видливоста на порите, што прави вашата кожа да изгледа совршено и беспрекорно.

Неврокозметика
Еден чекор понатаму во убавината и третманите против стареење

КОНЦЕПТ

Веќе знаеме дека мозокот и кожата имаат исто ембрионско потекло. Кожата е, всушност, продолжување на мозокот и тие се меѓусебно поврзани со мрежи на нерви и невронски клетки. Невронската мрежа на кожата се протега и комуницира со клетките на кожата, преку активноста на милијарди различни пептидни сигнали кои го сочинуваат системот на невротрансмисија.

Најновата тајна на кожата која е откриена во последните неколку години е пронајдокот дека клетките на кожата имаат способност да комуницираат со невроните на кожата преку невротрансмисија, многу слично како и мозочните клетки.

 
Кои се новооткриените фактори што се вклучени во стареењето?

Нервите, како и други клеточни типови, се подложни на стареење; овој процес се нарекува невродегенерација. Научните истражувања на процесот на невродегенерација ја истакнуваат клучната улога на невротоксичниот пептид кој формира пептидни наслаги на површината на нервните завршетоци. Стареењето а и воопшто акумулацијата на оксидирачки стрес предизвикуваат невронска дегенерација која влијае на комуникацијата помеѓу нервите и фибробластите и другите клетки на кожата, што резултира со пад на виталноста на фибробластите, намалување на синтезата на колаген и еластин и зголемување на чувствителноста на кожата.

 
РАЗВОЈ НА НЕВРОКОЗМЕТИКАТА – ДЕРМОКОЗМЕТИКА НА НЕВРОТРАНСМИТЕРИ

Новиот концепт на неврокозметиката што започна од 2000 година се однесува на био-активни топикални состојки кои го обновуваат односот медијатор-рецептор помеѓу нервниот систем и кожата преку специјални медијатори. Тоа доведе до нови неврокозметички стратегии кои вклучуваат модулација на невротрансмитерите кои имаат клучна улога во балансот на кожата и на механизмите на стареење, а дејствуваат така што ја обновуваат комуникацијата помеѓу фибробластите и невроните. Од квалитетот на оваа комуникација директно зависи нивото на синтеза на структурните протеини колаген и еластин.

Новиот пристап кон здравјето на кожата и стареењето, иницираше создавање на нова област во дермокозметиката – неврокозметика.